Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во западните делови од земјава се очекува врнежите да бидат пообилни. Можна е и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој вдолж Повардарието ќе се засилува. Т-мин. од 6 до 12 а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 13 до 22 степена. Скопје Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој повремено ќе се засилува. Температурата ќе се движи од 11 до 18 степени.
Во Куманово и околината во текот на денот ќе имаме претежно облачно време со сончеви периоди, но и услови за краткотрајна појава на дожд и ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец. Максималната дневна температура ќе изнесува 17 степени.
И утре ќе биде значително облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава каде се очекува да бидат пообилни. Ќе има и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Во среда претпладне на запад се уште ќе има локален дожд со слаб интензитет.
Од четврток до сабота времето ќе биде стабилно со умерен до засилен јужен ветер и со значителен пораст на дневната температурата на воздухот, особено во петок и сабота. Многу топло се очекува да биде во јужните делови и вдолж Повардарието и температурата на повеќе места ќе достигне над 30 степени.