И денеска продолжуваат врнежите од дожд

Сподели со своите пријатели

Времето во земјава ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во источните делови каде на места ќе бидат и поројни. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи од 3 до 8, а дневната од 8 до 13 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имам облачно време со врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од еден степен во негатива во утринските часови, додека максималната дневна се очекува да достигне до девет степени целзиусови.

Во следниот период ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголемува висината на снежната покривка. По котлините ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на наредната седмица времето ќе се стабилизира, но ќе дува засилен северен ветер.

Leave a Reply