И денеска продолжува судењето на обвинетите од Диво Насеље

Сподели со своите пријатели

Судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во кумановската Дива населба во мај минатата година, треба да продолжи денеска во просториите на Врховниот суд.

Засилени безбедносни мерки во и околу судот, како и на локалните сообраќајници се преземени и денеска. Местото околу судот го надлетуваа и полициски хеликоптери. Обвинетите се товарат за кривичните дела тероризам и терористичка организација.

Образложувајќи го обвинителниот акт, јавниот обвинител Наум Пановски на почетокот на судскиот процес рече дека Обвинителството ќе докаже дека обвинетите биле учесници во судирот во Куманово, како и во нападот врз полициската станица Гошинце. Според обвинението, дел од обвинетите на 21 април минатата година ја нападнале полициската станица Гошинце и го зеле целото оружје за логистичка поддршка.

Одбраната, пак, во воведниот говор не го негира настанот и случувањата, но тврди дека во обвинителниот акт нема никаков доказ за тероризам и дека во него недостасуваат важни детални описи на кривичното дело.

Судењето против 29-те обвинети лица започна пред два дена, на 9-ти овој месец.