И денеска портокалово ниво на опасност од невреме во Куманово

Сподели со своите пријатели

Според Управата за хидрометеоролошки работи и денеска ќе се задржи променливо облачно, нестабилно и малку посвежо време со пороен дожд и грмежи.

Loading...

На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд (над 30 л/м2) за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло, а од понеделник кон крајот на денот повторно се очекува локален пороен дожд и грмежи.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви период и услови за нестабилност во попладневните часови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи во интервал од 16 до 27 степени целзиусови.

Loading...

Од страна на УХМР за регионот на Куманово за издадени два портокалови метео аларми, едниот за опасност од невреме, а вториот за опасност од обилен дожд.

 

 

Вчера кумановско исто така беше зафатено од невреме проследено со обилен дожд, ветер и силни електрични празнења.

Од Регионалниот центар за управување со кризи само информираат дека има повеќе пријави за паднати дрвја.

Екипи на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ ги расчитуваа паднатите дрвја во доцните вечерни, но и во утринските часови.

– Нашите екипи во моментот интервенираат за одстранување на паднати дрвја кои ги блокираа неколкуте улици низ градот од силното невреме кое вечерва го зафати градот. Во утринските часови дополнително се организирани екипи за расчистување на наноси од песок на улиците и булеварите во градот кои го отежнуваат собраќајот, велат од ЈП „Чистота и зеленило“.

Loading...

 

 

Од Центарот за управување со криси запелираа граѓаните да бидат внимателни пред и за време на најавените локални метеоролошки нестабилности, велат од ЦУК.

Никола Ивановски