И денеска пеколно топло, заладување од петок

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови умерен до засилен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната од 34 до 41 степен.

 

 

Согласно вредностите на прогнозираните температури на целата територија ќе биде активирано жолто ниво на опасност од високи температури. УВ зрачење ќе биде многу високо со коефициент девет.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец, а температурата ќе се движи од 17 степени во утринските часови до максимални 39 во текот на денот.

Loading...

 

 

И утре времето ќе биде сончево и многу топло со температури до 40-тиот степен, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Како што појаснуваат синоптичарите на УХМР, од петок температурата ќе се намали, облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има појава на локален дожд и ретки грмежи.

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply