Времето утринава е променливо облачно и ветровито. Во текот на денот, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе преовладува променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд и ретки грмежи, особено во крајните западни и источни делови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максимална температура од 23 до 31 степен.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време и слаб ветер од северен правец. Во попладневните часови се очекуваат врнежи и грмежи. Максималната дневна температура се очекува да достигне 25 степени целзиусови.
Според УХМР, следува период на променливо и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Дневата температура во наредните денови повторно ќе биде малку под просекот за овој период од годината.