Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има услови за изолрана појава на слаб дожд и можни ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 70км/час.
За околината на Куманово и денес останува жолтото предупредување за ветер издадено од страна на Националниот хидрометеоролошки завод, а во попладневните часови се можни врнежи од дожд пропратени со електрични празнења. Максималната дневна температура ќе изнесува 21 степен, а во вечерните часови ќе настапи разведрување и температура од 12 степени целзиусови.
Следува период на претежно стабилно, суво и потопло време. Температурата на воздухот ќе биде во покачување и особено топло ќе биде за време на викендот и во почетокот на наредната недела.