И денеска ќе продолжат натпросечните температури за овој период од годината, иако нема да имаме целосно сончев ден, туку можна е појава на висока облачност која се очекува во поголемиот дел од денот над скоро цената држава, пишува порталот МетеоПро.
Во попладневните часови ќе има развој на локална облачност во планинскиот дел од Западна Македоонија каде би можело да има и можност за многу слаби врнежи.
Во утринските часови и натаму останува свежо со минимални температури од 6 до 9, додека максималните ќе достигнуваат вредности од 24 до 28 степени целзиусови.
Што се однесува до Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со сосема слаб ветер од јужен правец и максимална дневна температура од 24 степени целзиусови.
Слично време ќе продолжи до петок кога се очекува појава на локална нестабилност која температурата ќе ја спушти за околу 5 степени.