Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме и со услови за изолирана појава на град. Нестабилноста ќе биде позастапена во источната половина на земјава.Минималните температури ќе се движат од 10 до 15 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 11 до 18 степени целзиусови.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со значителен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен источен ветеер, а Националната хидрометеоролошка станица има издадено жолто предупредување за опасност од силен дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до 14 степени.
Врнежите ќе престанат веќе во текот на ноќта, кога температурата на воздухот ќе изнесува само 2 степени.
Во четврток врмнежите ќе бидат со слаб интензитет, а на планините ќе поминуваат во снег. Променливо облачно и врнежливо ќе се задржи и во наредните денови, а температурата ќе биде во опаѓање.