Хутите погодија брод во теснецот Баб ел-Мандеб

Сподели со своите пријатели

Јеменските бунтовници од движењето Хути со ракети нападнаа брод под знамето на Белизе кој пловел низ теснецот Баб ел Мандеб. Бродот бил оштетен и екипажот морал да го напушти.

Loading...

Теснецот Баб ел-Мандеб ги поврзува Црвеното Море и Аденскиот Залив.

Хутите поддржани од Иран, исто така, тврдат дека собориле американско беспилотно летало MQ-9 Reaper, што САД не го потврдија.

Хутите претходно соборуваа американски беспилотни летала.

Во меѓувреме, американската војска соопшти дека извршува нови воздушни напади врз цели на бунтовниците.