Хутите истрелаа балистичка ракета врз американски брод

Сподели со своите пријатели

Американската централна команда денеска соопшти дека јеменските Хути истрелале противбродска балистичка ракета врз танкерот „МВ Торм Тор“, кој го промашил овој американски брод во Аденскиот залив.

Loading...

Инцидентот се случил на 24 февруари, а командата констатирала дека проектилот предизвикал бранови, но немало оштетувања на бродот.

Бунтовничка група во саботата потврди дека го имала танкерот за цел, во знак на протест против израелското бомбардирање на Појасот Газа и во знак на солидарност со палестинскиот народ.

Американската војска соопшти дека во неделата соборила два беспилотни летала над Црвеното Море во „самоодбрана“.

Хутите, кои го контролираат поголемиот дел од Јемен, почнаа да ги напаѓаат трговските бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив на 19 ноември во знак на протест против израелската воена операција во Газа.