Хутите го гаѓаа Тел Авив со хиперсонични балистички ракети

Сподели со своите пријатели

Јеменското бунтовничко движење Хути започна хиперсоничен балистички ракетен напад врз неколку цели во Тел Авив.

Портпаролот на Хутите, Јахја Сарија, изјави дека операцијата била успешна, при што израелската војска соборила една од ракетите.

Нема непосредни извештаи за повредени или штети.

Портпаролот на војската на Хутите, Јахја Сарија, изјави дека тие користеле ракета Палестина-2 со повеќе боеви глави, која погодила неколку ранливи цели во регионот на Тел Авив и дека операцијата била успешна.

„Ракетните сили на јеменските вооружени сили спроведоа воена операција, користејќи хиперсонична балистичка ракета „Палестина-2“ со повеќе боеви глави, која погоди неколку ранливи цели во окупираниот регион на Тел Авив. Операцијата успешно ги постигна своите цели“, изјави претставник на движењето на телевизискиот канал Ал-Масира, во сопственост на Хутите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како Израел го планираше нападот што ги разбесни Американците?

Израелската војска (ИДФ) објави дека успешно соборила балистичка ракета испукана од јеменските бунтовници Хути во текот на ноќта.

Сирени се огласија во Тел Авив и други населби низ централен Израел поради воздушниот напад, објави „Тајмс оф Израел“.

Нема веднаш извештаи за повредени или материјална штета во нападот, објави израелскиот портал.