Хуманитарна акција за помош на загрозените семејства во Куманово

Сподели со своите пријатели

По повод Светскиот Ден на борба против гладот 16 октомври и Недела на борба против гладот која се оддржува под мотото „Помислете и на нас” Црвен крст, Куманово спроведува кампања за помош на најсиромашните граѓани.

Активностите се насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Куманово.

– Црвен крст Куманово упатува апел до граѓаните, фирмите, институции, да се вклучат во хуманитарната собирна акција на Црвен крст Куманово, во Неделата на борба против гладта и дадат свој придонес, според можностите, во олеснувањето на секојдневието на социјално најзагрозените семејства од Куманово, Липково и Старо Нагоричане, изјави Бојан Петрушевски секретар на општинската организација на Црвениот Крст.

Гладта е најекстремна форма на сиромаштија каде поединецот или семејството не се во состојба да ги задоволат основните потреби за храна. Иако храната е основното човеково право, сепак стотици милиони луѓе ширум светот секојдневно гладуваат, а секои 3,6 секунди некој умира од глад.

– Гладни и сиромашни има и во нашата земја и во нашиот град. Сето ова е причина повеќе, барем повремено да помислиме и да направиме нешто за оние на кои им треба подадена рака за будење на надеж  дека не се сами, дека некој се грижи за нив, изјави Петрушевски.

Извор: МИА