Во просториите на Занаетчиски дом во Куманово утре со почеток од 19:30 часот ќе се одржи хуманитарен настан во склоп на проектот ,,Ритамот на срцето” на Општинската организација на Црвенит крст, а кој има за цел помош на семејство од ранлива категорија.
Цената на билетот изнесува 100 денари, а собраните парични средства ќе бидат искористени за купување на бела техника на социјално загорзено семејство од Куманово.
– Доколку сте љубители на уметноста на настанот ќе имате можност да слушнете поезија и проза на повеќе јазици, испеани песни од младите таленти како и уметничка изложба, велат од ОО Црвен крст Куманово.
Овие активности и проекти се дел од националната програма ЦКА-ПХВ односно Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности на која се работи секоја година и во која се вклучени млади од средни и основни училишта, всушност оваа програма претставува алатка за регртуација на нови волонтери.
Тие поминуваат основна обука за изработка на проекти и потоа работат два месеци на истите.
– Оваа година имаме пет проекти кои се наменети за подобрување на квалитетот на животот на маргинализираните групи, велат од организацијата.
Никола Ивановски