Хуго Бос и Хилтон привремено престанаа да работат со Русија

Сподели со своите пријатели

Германскиот моден бренд Хуго Бос и американскиот синџир хотели Хилтон денеска привремено го прекинаа бизнисот со Русија поради инвазијата на Украина.

Hugo Boss објави дека привремено ги затвори своите продавници и ја суспендираше малопродажбата и онлајн купувањето во Русија, но и дека ќе обезбеди финансиска и оперативна поддршка за сите вработени кои се засегнати од одлуката.

 

Еден од најсмртоносните снајперисти пристигна во Украина: Се борел и во Ирак и Авганистан

 

Русија, заедно со Украина, учествуваа со околу 3 отсто од вкупната продажба на Hugo Boss минатата година.

Синџирот хотели „Хилтон“ објави дека ја затвора канцеларијата во Москва и го суспендира развојот на нови хотели во Русија, додека руските работници ќе продолжат да добиваат плата.

26-те хотели на Хилтон во Русија сè уште се отворени, но целиот профит од тие хотели е дониран на Украина.

 

Воведен нов закон: На цивилите им е дозволено да пукаат во руски војници, веднаш реагираше Кремљ

 

Хилтон објави дека приходот од околу еден милион ноќевања ги донирал на украинските бегалци.