Кинеската технолошка компанија „Хуавеј“ објави дека за девет месеци од 2019 година, ја зголемила својата продажба на паметни телефони и технологија за 24,4 проценти и заработи 86 милијарди долари, и покрај санкциите на САД.
Хуавеј рече дека бележи раст за 23,2 проценти во првата половина од годинава, пренесува АП.
Соопштението следуваше случи откако трговските разговори меѓу САД и Кина во Вашингтон завршија во петокот, без да се каже дали е решен статусот на „Хуавеј“.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп, кој го обвини Хуавеј дека е безбедносен ризик, во мај воведе бариери во форма на пристап до американската технологија, како што се музика на Гугл, мапи и други услуги за паметни телефони.
Тогаш Вашингтон ги одложи некои од санкциите и посочи дека може да ми овозможи да продадаваат одредена американска технологија, а претседателот на Хуавеј, Лианд Ху, во јули предупреди дека компанијата ќе има „проблеми“ во втората половина од годината.
Хуавеј најави дека ќе ги отстрани американските компоненти од своите паметни телефони и мрежната опрема и најави дека ќе создаде свој оперативен систем за да го замени андроид системот на Гугл, доколку е потребно.
Компанијата објави дека во првите девет месеци од оваа година забележала раст од 26 проценти на продажбата на паметни телефони, во однос на истиот период лани, односно продала 185 милиони уреди.
Вашингтон лобира во европски и други сојузници за да му забрани на Хуавеј да ја надоградува својата 5G мрежа, но Германија, Франција и Ирска соопштија дека немаат планови да бранат ништо на кој било снабдувач.
Еден американски официјален претставник предупреди дека Вашингтон би можел да ја преиспита размената на разузнавачки информации со сојузниците доколку решат да користат мрежна опрема на „Хуавеј“.