HRW предупредува дека присилното раселување на населението од Газа е воено злосторство

Сподели со своите пријатели

Организацијата Хјуман рајтс воч (Human Rights Watch-HRW) во новиот извештај наведува дека наредбите на израелската армија за евакуација во Појасот Газа, кои доведуваат до принудно раселување на населението, претставуваат воено злосторство.

Loading...

„ХРВ собра докази дека израелските функционери вршат воено злосторство присилно раселување на цивили“, се наведува во извештајот на невладината организација објавен денеска.

Во извештајот се вели дека „израелските дејствија исто така ја исполнуваат дефиницијата за етничко чистење“ во областите каде армијата им нареди на Палестинците да заминат и каде што нема да можат да се вратат.

Израелските власти ги повикуваат жителите на цели делови од територијата да се евакуираат поради воени операции, нагласувајќи дека на овој начин придонесуваат за заштита на цивилите.

Обединетите нации проценија дека во октомври имало 1,9 милиони раселени жители на Појасот Газа.

Вкупно, на таа територија на почетокот на војната меѓу Израел и Хамас имало околу 2,4 милиони жители.