Хрватската претстава „Љубоф“ вечерва на репертоарот на „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Куманово од вчера па во следните две недели ќе ужива во Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, а вечерва на програмата е хрватската претстава „Љубоф“ на Градско казалиште „Јоза Ивакиќ“ Винковци и ХК Печух од Хрватска.

Loading...

Станува збор за претстава по текстот на Мареј Шизгал, а под режисерска палка на Горан Рибариќ.

Актерската екипа ја сочинуваат Матеа Марушиќ, Дориан Паулиќ, Дејан Фајфер и Владимир Андриќ.

Претставата започнува во 20 часот во големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Leave a Reply