Дигалка на пајак служба во хрватскиот Порече се обидела да подигне непрописно паркиран скапоцен „лексус“ со руски регистарски ознаки, но поради големата маса на автомобилот, луксузниот теренец паднал од дигалката и притоа е оштетен, пренесуваат тамошните медиуми.
Лексусот бил непрописно паркиран на место за инвалиди, а според неофицијални информации и сопственикот на возилото бил инвалид, но не го означил своето возило со инвалидска картичка.
Нервозниот Русин во неколку наврати физички се залетуваше кон вработените во пајак службата, но не дојде до потежок инцидент. Пајакот три пати се обидел да го подигне скапиот теренец, но секогаш им се свртувал наназад и било очигледно дека не може успшено да го подигнат.
Loading...