Хрватска: Од јануари повторно се воведува воениот рок

Сподели со своите пријатели

Хрватска од 1 јануари следната година повторно ќе го воведе воениот рок, а според досегашните сознанија обуката ќе се одвива во касарните во Пожега, Сињ и Книн.

Loading...

Има политичка одлука за отслужување на воениот рок, а Министерството за одбрана работи на измени на законот за одбрана и служба во вооружените сили, како и на прописи кои ќе бидат основа за првите војници кои ќе почнат со обука од почетокот на следната година, пишува „Нови лист“.

Се уште не е одлучено дали воениот рок ќе трае два или три месеци.

Ако одиме на првата опција, тогаш тоа би подразбирало само основна пешадиска обука.

Доколку воениот рок трае три месеци, тогаш во текот на третиот месец војниците одат на некоја форма на специјалистичка обука во армијата, воздухопловството и воздушната одбрана или морнарицата.

Хрватска не го укина воениот рок, туку само го замрзна во 2008 година, за да не се почне се од нула затоа што веќе постои законска регулатива, но и практиката според која обуката се одвиваше до пред 16 години.

Од Министерството посочија дека ќе се обидат преку разни промотивни акции да поттикнат што поголем број регрути да се одлучат за класична воена обука.

Исто така, ќе може да се одложи воениот рок, како оние кои ќе влезат на факултет по завршувањето на средното образование.

Loading...