Хрватска ќе прими Авганистанци кои работеле за ЕУ

Сподели со своите пријатели

Хрватска ќе прими помал број локални жители од Авганистан, потврдено е за Вечерњи лист од Министерството за надворешни и европски работи.

Loading...

Станува збор за персонал, односно локални жители кои работеле за Европската унија и за кои Европската служба за надворешна акција веќе апелираше да не ги остават во таа земја и на тој начин да ги загрозат откако Талибанците ја презедоа власта.

Откако Талибанците ја презедоа власта во Авганистан, илјадници бегалци ја напуштаат земјата, а некои земји – членки на ЕУ и САД веќе се приклучија во помагањето да се грижат за тие луѓе, пишува Вечерњи лист.

За потсетување, Албанија, Северна Македонија и Косово афирмираат сојуз со САД со прифаќање на авганистански бегалци, пишува денеска бриселскиот портал Политико.

Албанија, Косово и Северна Македонија беа првите во Европа што рекоа дека ќе им обезбедат привремено засолниште на Авганистанците кои се упатија кон САД откако Талибанците ја презедоа власта во Авганистан.

Се ослободија студентски домови за Авганистанците кои пристигнаа во Албанија, каде денеска треба да пристигнат првите бегалци, додека Северна Македонија објави дека ќе бидат достапни одморалишта и хотели.

Косово вели дека има капацитет да прими до 10.000 луѓе.