Црна Гора и Хрватска се меѓу 10 држави во светот кои патат од „овертуризам“, појава да немаат капацитет да го примат бројот на гости кои доаѓаат, што негативно влијае на мештаните и животната средина.
Порталот „Дизнификејшн мап“ кој се занимава со проценки на овертуризмот, истакнува дека треба да се разликува таа појава од масовен туризам, затоа што некои дестинации можат да се носат со милиони туристи, додека други не можат да опслужат ни многу помал број.
На листата на порталот Хрватска е втора, со проценет удел од 3,78 гости по жител, додека Црна Гора е на шестата позиција со 3,02 гости по глава на жите, пренесува Investitor.me.
Листата ја предводи Исланд со 6,52 гости по жител, трет е Бахами со 3,64, а следуваат Австрија и Кипар. На седмото место по Црна Гора, следуваат Естонија, Ирска и Данска, која пак го зазема 10то место.
Кога се работи за градовите, меѓу 10 најзагрозени е Дубровник кој се наоѓа на третото место со 1.000 туристи по глава на жител.