Британскиот „Дејли мејл“ објави истражување за цените на популарните светски дестинации за летување кои ги посетуваат Британците, а на листата се најде и Хрватска.
Истражувањето го направила „M&S Bank“, а покрај Пула ги опфаќа бугарскиот Сончев Брег, Алгарва во Португалија, Анталија во Турција, грчкиот Закинтос, Дордоњ во Франција, Лансорт во Шпанија, Дубаи, Американскиот Орландо и канадскиот Торонто.
Но, за разлика од минатогодишното истражување, Хрватска оваа година се наоѓа меѓу најскапите дестинации.
Минатата година во истотот истражување Пула била најевтина од пет европски градови кои се наоѓале на листата, но оваа година работите значително се промениле.
Сите европски дестинации поевтиниле, освен Хрватска.
Португалскиот Алгарва исто така е поевтин за 20 отсто, бугарскиот Сончев брег за околу 17 отсто, грчки Закинтос за 13%, францускиот Дордоњ за околу 11 отсто, шпанскиот Лансарот за повеќе од седум отсто.
Пула е единствената европска дестинација на листата која е поскапена. Поскапувањето кое го пресметале Британците изнесува 0,7 отсто. Тоа Пула ја прави трета најскапа дестинација на оваа листа која ќе ја прочитаат стотици илјади Британци.
– Хрватска неодамна доби поголема популарност, што би можело да објасни зошто цените за 0,7 отсто се повисоки од минатата година, што ја прави четврта најскапа дестинација, пишува Дејли мејл.
Најевтина дестинација според истражувањето е Сончев Брег во Бугарија, потоа следува Алгарва во Португалија, Анталија во Турција, Закинтос во Грција, Дордоњ во Франција и Лансарот во Шпанија.
Од Пула поскапи се само Дубаи, американскиот Орландо и канадскиот Торонто.
Image by neufal54 from Pixabay