Хрватската полиција потврди дека имало пријава за вооружен грабеж во Буковље кај Славонски Брод вчера во 19,15 часот.
Крадец со фантомка преку лицето и пиштол во раката кој се обидел да ограби бил уапсен многу брзо.
Со медиумите контактирал сопругот на работничката која на разбојнчкото „дај ми пари!“. реагирала наведнувајќи се и одговарајќи: „Не давам!“
„Таа не попуштала. Не сакала да попушти. Бев шокиран по се што се случи. Веднаш повикала полиција и чекала да дојдат. Не можев да верувам дека му се предаде така и не му даде пари, за среќа тој само си заминал затоа што можеше да се случи се и сешто. Тој имал фантомка, па таа ги видела само неговите очи. Тој бил во продавницата една минута и кога видел дека нема да ги добие парите, си заминал. Таа беше во шок, кога заминал, тој и рекол дека ќе ја види повторно “, изјави нејзиниот сопруг.
Полицијата соопшти дека ништо не било украдено и никој не бил повреден.