Овие супернамирници ќе ви ја изгасат жедта.
Праски
Праските се како слатко уште од берење, а содржат просечно по 88 проценти вода. Воедно, тие се добар извор на витамини Ц и А, нијацин, калиум и растителни влакна. Освен што можете да ги јадете свежи, праските се погодни за готвење, во благи и солени јадења. Можете да додадете неколку парчиња во муслите за појадок, можете да ги барите и да ги сервирате со вечерата или како десерт.
Лубеница
Лубеницата освежува, а воедно има и доста благ вкус и може да се користи како десерт. Добрата вест е што лубеницата во просек содржи 92 проценти вода. Исто така, богата е со витамин Ц, но и ликопен, кој го намалува ризикот од одредени видови рак. Добра е за кожата, а во една шолја содржи само 45 калории. Најдобра за јадење е кога е изладена во фрижидер, во свежа форма. Можете да пробате сечкани парченца лубеница со кокос, потпржени во лут сос – една вкусна мексиканска комбинација.
Ја фрлате кората од лубеницата – Еве 3 причини зашто да не го правие тоа!