Губењето на косата е чест проблем кај жените. Нема дама која барем еднаш во животот не била конфронтирана со овој непријатен проблем. Косопастот може да се должи на многу нешта – стрес, промена на годишните времиња и така натаму.
Ако во моментов вие се борите со прекумерното паѓање на косата, пробајте да се справите со проблемот на сосема природен начин и потрпрете се на храната.
Всушност сè што треба да направите е да акцентирате на некои одредени видови храна.Промената во исхраната може да биде лесен начин да се справите со опаѓањето.
Еве и кои се храните, кои гарантираат здрава коса и го спречуваат опаѓањето. Не ги заборавајте, кога се храните!
- Лосос
Лососот е богат со омега-3 масни киселини, кои ја претвораат во една од најдобрите храна која го спречува губењето на косата.Храната која содржи омега-3 масни киселини, не се само добра за вашиот мозок, но исто така и за вашата коса. Други соодветни храна се: туна, ореви и кељ.
- Спанаќ
Овој лиснат зеленчук е полн со витамини, антиоксиданси и минерали кои го прават идеален за спречување на опаѓањето. Спанаќот исто така го помага варењето, како и ги негува очите и коските.
Изненадувачки, спанаќот всушност е поздрава, кога е зготвен или направен на сок. Значи обидувајте да јадете спанаќ на различни начини, не само во салата.
- Овес
Кашата е идеалнна за доручек, но освен тоа таа е и една од помалку познатите видови храна, кои се борат со опаѓањето. Овесот е добар извор на храна на биотин – витамин кој има одличен ефект врз косата и здравјето на скалпот.
Придобивките од овесот сепак не завршуваат со тоа – тој помага да го совладате апетитот, подобрите имунолошкиот систем, како и за контролирање на крвниот притисок.
- Моркови
Портокаловиот зеленчук помага за одржувањето на масла кои го поддржуваат скалпот. Овие масла се особено важни, кога човек има проблем со опаѓањето.
Морковите содржат витамин А, а неговиот дефицит се поврзува со исчезнување и губењето на косата.Исто така може да се добие здрава доза бета-каротен од слатките компири, манго и тиква.
- Леќа
Леќата е друг добар извор на есенцијални витамини и минерали кои се од клучно значење за спречување на губење на косата. Ако сте веган или вегетаријанец, консумирајте повеќе леќа и грав. Обидете исто така со тофу, јогурт или кикирики.