Храна која е забранета за астматичарите

Сподели со своите пријатели

Преработеното месо ги засилува симптомите на астмата, се вели во истражувањето објавено во списанието Thorax.

Loading...

Во саламата, колбасите и шунката се содржи конзерванси нитрит, кој е штетен за дишните патишта. Потрошувачката на преработено месо 4 пати неделно ги продлабочува симптомите на астма: отежнато дишење и тежина во градите.

Во исто време други експерти велат дека оваа врска не е докажана и треба да се направат дополнителни испитувања. Експертите советуваат да се држиме до здрава исхрана како целина, а не да се воздржуваме од еден конкретен штетен производ.

Во истражувањето учествувале 1.000 Французи. Нивниот живот е анализиран во текот на 10 години од 2003 до 2013 година. Околу половина од нив страдале од астма.

Светската здравствена организација  ги вклучи преработките на црвено месо кон канцерогените. Колбаси, сланината и шумката предизвикуваат рак на дебелото црево. Ризикот од развојот на овој рак се зголемува со 18% во случај на консумирање на 50 грама слично месо дневно.

Leave a Reply