Блиска средба со мечката била снимена од надзорна камера во домот на Волтер Хикокс од Дејтон Бич во американската сојузна држава Флорида. Имено, минатата среда околу 19.30 часот мечка дошла во дворот, се качила на патеката и се обидела да нападне 12-годишен куче.
Сепак, сопственикот на кучето застанал меѓу мечката и кучето и го спасил својот миленик, но притоа заработил неколку гребаници на грбот.
„О Боже, ме нападна мечка“, ѝ викна тој на својата сопруга Кери Хикокс.
– Волт мислеше дека тоа е куче на соседот. Не ни е јасно како мечката се чувствува толку удобно и доаѓа во дворот и напаѓа – се запраша Кери.
Објавила и фотографии од грбот на нејзиниот сопруг на кои останале траги од забите и канџите на мечката, а благодарение на храбриот сопственик кучето останало неповредено.

