Откако ќе ја пронајдете вашата соба, можеби ќе се изненадите што треба да ја поминете ноќта во пештера или што креветот ви е на врвот на скалата.
Ќерката на поранешниот виетнамски претседател решила да изгради многу необична зграда! И таа го направи тоа во градот Далат во јужен Виетнам.
Денес тоа е хотел, познат во светот како „Виетнамската луда куќа“.
View this post on Instagram
Во овој хотел е можно да се преноќи во соба со пештера или полна со џиновски пајакови мрежи, а во огромна бетонска жирафа има простор за чај и одмор.
Големата зграда изгледа како огромно дрво со бројни животни, џиновски печурки и бубачки.
Вистинска куќа од бајка која сигурно ќе ја разбуди сечија имагинација, а луѓето често ја споредуваат оваа необична дизајнерска идеја со ремек – делата на Гауди и Дали.
View this post on Instagram
Куќата беше отворена за јавноста во 1990 година, оттогаш, според кинескиот магазин People’s Daily, таа е на листата на 10-те најнеобични градби во светот.
Не е лесна задача пред вас веднаш штом ќе го поминете прагот, односно кога се очекува да ја најдете вашата хотелска соба.
Тогаш започнува вистинската авантура бидејќи собите се расфрлани во неколку необични градби, од кои некои се поврзани со нишави мостови.
View this post on Instagram
Во секоја зграда има мрежа од заоблени ходници и скали од најнеобични форми.
Откако ќе ја пронајдете вашата соба, можеби ќе се изненадите што треба да ја поминете ноќта во пештера или што вашиот кревет е на врвот на скалата во некој мрачен агол.
Во најскапите и најнеобичните соби ноќевање чини околу 100 евра, а хотелот е можно да се посети и како турист, без да се преноќи во него.
View this post on Instagram
Доколку сепак одлучите да престојувате во овој хотел, не сме сигурни дека ќе се одморите. Но, тоа дефинитивно ќе биде најчудното место каде што некогаш сте спиеле!
View this post on Instagram