Разгледувајќи ја богатата архива на кумановскиот „Наш весник“ наидовме на еден интересен текст од рубриката „Нашиот репортер низ градот“.
Денеска е „ин“ да се носи долга брада, меѓутоа изгледа дека не било во почетокот на шеесеттите години, особено ако работите како келнер.
Нема да го парафразираме текстот затоа што ќе се изгуби смислата на она што авторот сакал да го каже, па затоа ќе го пренесеме во целост.
Голема е радоста на нашите граѓани што во нашиот град се изгради голем и модерен хотел. Сега барем има кај да излеземе. Целокупната опстановка на хотелот „Кристал“ – модерниот мебел, чистиот веш, убава кујна и служење во најмодерни садови е вистинско задоволство за секој посетител.
Меѓутоа, има нешто што овие пријатни впечатоци ги расипува. Тао се келнерите. Се случува често некој од нив да селужи небричен, а некои од нив со месеци не се потстрижени, па личат на се, само не на келнер.
И нивната облека не одговара на амбиентот во хотелот. Келнерите се млади луѓе, па се носат по модата, но таа мода не одговара кога служат. И управата на хотелот треба да се погрижи за решавање на прашањето околу облеката на персоналот во хотелот. Тука спаѓа и облеката на гардероберот, кој патем речено, би требало да биде далеку почист и пооблечен, потоа за портирите и другиот персонал.
Инаку, „Кристал“ ќе биде маскенбал.
Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш Весник“
Извор: „Наш весник“ број 5 (понеделник, 1 јануари 1962. година)