Се познавате себеси, своите карактеристики, знаете кој ви одговара, но ѕвездите многу влијаат и на впечатокот кој го оставате кај другите луѓе.
Овен
Имате многу одлични идеи, па и енергија додека останатите се поспани и сметате дека тие очекуваат токму вие да ги водите. Но, останатите провремено исто така имаат идеи и би било добро доколку повремено покажете трпение и ги сослушате, па можеби и ќе уживате во тоа. Што велите?
Бик
Премногу сте тврдоглави. Морате да зборувате за да можете воопшто да комуницирате со останатите. Беспотребно очекувате од другите да ви ги читаат мислите. Накратко, морате повеќе да разговарате и да се отворате со луѓето. Мудрото молчење и неискажаните очекувања нема далеку да ве одведат, само ќе им го компликуваат животот на оние кои се грижат за вас.
Близнаци
Ако веќе давате ветување, треба до тоа и да се држите. Супер сте, забавна личност во чија близина сите сакаат да бидат, но понекогаш навистина ги повредувате луѓето правејќи да се чувствуваат запоставени само затоа што сакате да бидете добри со сите и што не знаете да се организирате.
Рак
Луѓето се грижат за вас, но вие никако тоа целосно да го сфатите и прифатите, туку неуморно сѐ преиспитувате. Доколку секогаш барате нешто лошо, нормално дека и ќе го најдете, па другите мораат околу вас да одат како на мраз. Опуштете се малку.
Лав
Знаеме ова може ќе ви се чини шокантно, но светот не се врти само околу вас. Луѓето понекогаш прават некои работи бидејќи само така сакале да направат, а не затоа што на вас нешто ви докажуваат. И не, не се сите против вас, ниту пак сите се обединиле за вам да ви наштетат. Бидете малку пореални, така и вам ќе ви биде полесно.
Девица
Премногу сте критички настроени према себеси, но и кон другите. Поради тоа им набивате комплекси на останатите без разлика колку е вашето срце големо. Застанете малку и покажете љубов, нежност, ранливост, не плашете се, никој нема да ве искористи ниту пак да го расипе мислењето за вас. Ќе бидете само помалку нервозни.
Продолжува на следната страница