Овен
Некои работи одат побавно отколку што очекувавте, затоа не планирајте ништо да правите набрзина. Тие се премногу емотивни денес и тоа може да ги искомплицира работите. Бидете искрени со партнерот, кажете му ако нешто ве мачи.
Бик
Под голем притисок сте, но во хаосот во кој се наоѓате, некако успевате да се фокусирате на себе. Некои идеи кои одеднаш ќе ги добиете ќе ви помогнат да решите проблем кој ве мачи веќе некое време. Бидете физички поактивни.
Близнаци
Полни сте со енергија и ентузијазам и се чувствувате како ништо да не може да ви застане на патот. Со таков став навистина ќе успеете да ги решите сите проблеми. Мора да бидете отворени кон партнерот, ништо нема да постигнете со молчење.
Рак
Одлично сте расположени и сакате да си угодите, што дефинитивно треба да го правите. Правете го вашето хоби, читајте, сликајте, правете се што ќе ви помогне да се опуштите. Партнерот ве поддржува во се, покажете му дека го цените тоа.
Лав
Имате впечаток дека другите не ги почитуваат вашите ставови и ги намалуваат вашите грижи, а тоа ве мачи. Застапувајте се за вашето мислење, но внимавајте да не влезете во некои големи расправии. Има одреден прилив на пари.
Девица
Се чувствувате малку заробено, секој ден е ист и не гледате како да го промените. Осамени сте, анализирајте ја ситуацијата и размислете што ви одговара во моменталната состојба на работите, а што не. Побарајте совет од постара жена.
Вага
Денеска сте во многу променливо расположение, поминувате низ вистински тобоган од емоции. Немате многу избор освен да послушате некоја од желбите на членовите на вашето семејство и тоа ве прави многу нервозни. Поминете повеќе време во природа, тоа ќе ве расположи.
Скорпија
На работа можете се, но внимавајте на слаткоречивите колеги кои би можеле да ви забијат нож во грб. Доколку имате покана за дружење, прифатете ја, би можеле да запознаете некој кој ќе ве интересира. Зафатени, не запоставувајте го својот партнер.
Стрелец
Денес сте неодлучни, а преоптоварувањето со информации воопшто не ви помага. Се преиспитувате себеси, но и премногу се грижите што мислат другите за вас. Очекувајте добри вести од пријател за кој долго време не сте слушнале!
Јарец
Денеска завршете ги сите обврски кои неколку дена ги одложувате. Добро ви оди на работа, но вашата несигурност може да го наруши. Пазете се од настинки, зајакнете го имунитетот.
Водолија
Командувате на сите полиња и кога најмалку очекувате може да се најдете на пресвртница во кариерата. Во љубовта се оди глатко, поминувајте повеќе време со партнерот. Потребно ви е повеќе дружење, не ја сакате осаменоста.
Риби
На работа ве очекува голем успех, особено ако се занимавате со приватен бизнис. Можеби ќе треба да донесете тешка одлука, но среќата е на ваша страна. Поминувајте време со пријателите кои се со вас и кога никој друг не е.