ОВЕН
Работа: Ќе настапат проблеми во комуникацијата со шефовите и колегите, но тоа ќе пројде кога ќе почнат да се решаваат рабоните ситуации.
Љубов: Слободните Овни ќе можат да се вљубат во зафатена личност, па иднината може да ви стане многу комплицирана.
Здравје: Направете контрола.
БИК
Работа: Некои Бикови ќе добијат унапредување, затоа што имаат способност за комплицирани работи.
Љубов: Доколку сте во стабилна врска, партнерот пробува да ви се приближи, но вие не сте заинтересирани.
Здравје: Проблеми со урогениталниот систем.
БЛИЗНАЦИ
Работа: На невработените Близнаци една личност ќе и помогне да добие работа во компанија во која одамна конкурирал.
Љубов: Со искреност го освојувате срцето на својот партнер и можете брз проблеми да ги стабилизирате односите.
Здравје: Внесувајте повеќе минерали и витамини.
РАК
Работа: Претерано сте нервозни, чувствувате напнатост. Денешниот ден носи многу ситуации кои ви создаваат напнатост, лошо расположение, растроеност.
Љубов: Едно убаво пријателство може да прерасен во врска. Следете го своето срце кое ќе ви каже дека сте на добар пат.
Здравје: Главоболка.
ЛАВ
Работа: Голема доза на финансиско незадоволство може да ве доведе до трајна загриженост, но навистина нема причина за тоа. Имате можност да се стабилизирате.
Љубов: Доколку сте во љубовна врска, окончајте ја со брак. Во спротивно може да имате поголеми проблеми.
Здравје: Тахикардија е можна.
ДЕВИЦА
Работа: Денешниот ден ви носи многу обврски кои се множат. Тоа е причина поради која сте загрижени, мислите дека нема да стигнете сите работи да ги одработите.
Љубов: Ако сте зафатени, водете сметка да не дојде до фатална привлечност со колега, затоа што не би било добар чекор за вас.
Здравје: Стрес ви е нагласен.
ВАГА
Работа: Потпрете се на близок пријател, кој со добар совет ќе ве подигне. Впрочем, со оглед дека се работите на време, немате причина за загриженост.
Љубов: Гледајте да се посветите на партнерот. Во последно време сте имале доста обврски и меѓусебно сте се запоставиле.
Здравје: Внимавајте на реума и настинка.
ШКОРПИЈА
Работа: Тензиите се редат една по друга, а ни самите не сте свесни колку сте силни и што може да поднесете.
Љубов: Се чувствувате некако незадоволно и под голем притисок и непотребен стрес, кој никако не може да го избегнете, особено доколку имате недефиниран статус во љубовта.
Здравје: Сменете го режимот на исхрана.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Таму каде што сте немоќни нешто да промените, помирете се со создадената ситуација, затоа што на тој начин ќе излезете од криза.
Љубов: Ако сте незадоволни од партнерските односи, сега е поволен период за тоа храбро да пресечете и да завршите со работите и луѓето кои премногу ве оптоваруваат.
Здравје: Намелете со пушењето на цигари.
ЈАРЕЦ
Работа: Вие управувате со својот живот, па така поставете се и кон проблемите и ќе ги ублажите сите стресни ситуации. Тука се работи за нарушени односи и губење на доверба.
Љубов: Ги разбирате грешките на партнерот, но подготвени сте да ги признаете и своите пропусти.
Здравје: Избегнувајте загадени простории.
ВОДОЛИЈА
Работа: Ова е ден кога работните активности во сите други области на животот го превземаат апсолутниот приоритет. Бидете поангажирани во соработката со странство.
Љубов: Морате да дадете свој придонес за да се поправи емотивниот однос.
Здравје: Проблеми со варењето на храната.
РИБИ
Работа: Ви поаѓа од рака се. Сепак, не правите ништо радикално, особено тоа се однесува на начинот на заработувачка. Немојте да ризикувате премногу.
Љубов: Ако сте во врска, ќе имате заеднички активности и договори со кои на почетокот нема да се сложувате, но на крај ќе биде како двајцата сте замислиле.
Здравје: Намалете со алкохолот.