Неименувана шпанска државјанка денеска почина од повредите со кои се здобила во напад на слон во центарот за заштита на овие животни на тајландскиот остров Јао Јаи.
Надлежните од центарот за заштита на слонови му рекле на Ефе дека жената капела слон, кој го заглавил забот во неа кога поминала пред него и ѝ нанел сериозни повреди од кои починала.
Се вели дека миењето слонови или капењето со нив е популарна активност во забавните паркови на Тајланд.
Според Одделот за национални паркови, имало 240 смртни случаи од напади на диви слонови во изминатите 12 години, вклучувајќи 39 смртни случаи во 2024 година.
Одделот проценува и дека повеќе од 4.000 диви слонови живеат во тајландските светилишта, националните паркови и природните резервати во Тајланд, пишува шпанскиот портал „20minutos“.