Хорор во САД: Во верижен судар, 6 загинати и над 30 повредени

Сподели со своите пријатели

Во верижен судир на десетици возила на автопат во американската сојузна држава Илиноис, шест лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени, соопштија властите.

Loading...

Околу 40 до 60 автомобили и околу 20 комерцијални возила, вклучително и бројни камиони со приколки, учествуваа во несреќата на меѓудржавен број 55 во јужниот дел на Илиноис во понеделникот попладне, изјави полициски претставник на прес-конференција.

Повеќе од 30 повредени лица се пренесени во локалните болници, а неколку лица починале, изјави официјалниот претставник.

Два камиони се запалија како последица на верижен судир, додаде тој.

Џолета Хил од округот Монтгомери по телефон потврди дека најмалку шест лица загинале во несреќата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лукашенко помилува над 20 лица осудени за екстремизам

Претставник на полицијата изјави дека несреќата во близина на Фармерсвил, на околу 320 километри југозападно од Чикаго, била предизвикана од „силните ветрови кои дувале кал од земјоделските полиња на автопатот, што резултирало со нулта видливост“.

Тој дел од автопатот неколку часа бил затворен во двата правци, соопшти полицијата.