Хорор во Парагвај: Силувал и убил девојче што го купил за 11 евра од нејзината мајка за дрога

Сподели со своите пријатели

На застрашувачката снимка од надзорните камери може да се види како во петокот во раните утрински часови во Педро Хуан Кабаљеро, Парагвај, тригодишната Луз Маида ја одзема човек кој подоцна ќе ја силува и убие.

Loading...

Нејзината мајка Аурелиа Салинас (42) ја продала на своето момче, дилер, во замена за дрога вредна 11 евра!

Нешто повеќе од 24 часа подоцна, крвавото тело на Луз било пронајдено во напуштена куќа.

Полицијата не го соопшти името на напаѓачот, но се знае дека силувал и убил тригодишно девојче.

Нејзиното ситно тело било пронајдено завиткано во маица. Пронајдено е на креветот на напуштена куќа, пишува Daily Mail.

Наводно, гневните мештани се обиделе да ја линчуваат нејзината мајка, откако таа на полицијата ѝ признала што се случило.

Нејзиното момче подоцна го признало убиството, објавија локалните медиуми.

На погребот на Луз присуствуваа повеќе од 300 локални жители, а некои соседи ја запалија куќата во која беше пронајдено телото на убиената девојка.

Loading...

Аурелија Салинас има уште седум деца, меѓу кои и 12-годишно девојче кое наводно дозволила да биде сексуално злоставувано од 30-годишен маж.