Маж и жена загинаа кога на нив удри воз кој сообраќал на линијата Мантуа-Милан, во општина Куртатоне, јави АНСА.
Loading...
Прелиминарната истрага на полицијата покажала дека се работи за околу 50-годишни лица од провинцијата Мантуа, кои биле во емотивна врска.
Во тек е истрага со цел да се расчисти позадината на несреќата и да се утврди дали се работи за самоубиство, што, како што пишува италијанската агенција, е поверојатно или се работи за несреќен случај.
Несреќата се случила синоќа околу 22 часот, при што биле пронајдени први траги од крв, а дури околу полноќ поради густата магла телата биле пронајдени малку подалеку од местото на ударот.