Хорор во хотел на познат ски-центар: Пронајдени 12 мртви тела

Сподели со своите пријатели

Дванаесет лица починаа од труење со јаглерод моноксид во ски-центарот Гудаури во Грузија, покажа прелиминарната истрага.

Loading...

Како што пишува Мирор, телата на 11 странски државјани и еден Грузиец ги пронашла полицијата во собите на вториот кат од одморалиштето над индискиот ресторан.

На телата нема траги на насилство, откри портпаролот на локалната полиција. Како што наведуваат, претпоставуваат дека жртвите биле вработени во тој ресторан.

Тие покренаа истрага за овој ужасен случај.

Инспекторите откриле дека електричниот генератор, кој се наоѓал во близина на собите на дванаесет лица, бил вклучен ден претходно, откако снемало струја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Паравоените сили во Судан обвинети за сексуално насилство врз девојчиња и жени

Тие се уште ја истражуваат точната причина за трагедијата.