Маж (34) е уапсен под сомнение дека се обидел да ги убие сопругата и нивните деца во Бад Минстеррајфел, Германија.
Тој е обвинет дека ги избодел сопругата и двете деца, а потоа го запалил домот во кој живееле.
Жена (33) и две од нејзините три деца на возраст од 10, 13 и 15 години се здобиле со тешки повреди опасни по живот.
Грозоморното злосторство се случило ноќта меѓу вторникот и средата, околу 3 часот и 30 минути.
Откако ги избодел сопругата и децата, осомничениот запалил стан во зграда со 14 стана и побегнал.
Пожарот брзо се проширил и наводно дошло до експлозија.
Трето дете, кое исто така било во станот, завршило во болница поради вдишување чад.
Пожарникарите се бореле со огнот до утринските часови, а целата област беше блокирана за сообраќај.
За тоа време полицијата неуморно трагала по осомничениот.
Тој бил уапсен околу 8 часот на автопат на околу 60 километри од местото на злосторството.
Медиумите јавуваат дека никогаш досега немало пријави за насилство во ова семејство.
Осомничениот е германски државјанин, кој претходно не и е познат на полицијата.