ХОРОР ВО ФРАНЦИЈА Пронајдени тела на мајка и 4 деца во стан, таткото во бегство

Сподели со своите пријатели

Француското обвинителство покрена истрага за повеќекратно убиство откако во понеделникот вечерта беа пронајдени пет тела во градот Мо, североисточно од Париз.

Loading...

Локалните медиуми јавуваат дека жена и нејзините четири деца се жртви на повеќекратни убиства, пренесува Фигаро.

Веб-страницата Actu17, која прв објави за овој случај, наведува дека полицијата трага по 33-годишниот татко, кој е „во бегство“.

Медиумите пишуваат дека таткото веќе ѝ е познат на полицијата и е главен осомничен во овој случај.

Телата се пронајдени во стан во градот Мо, кој е оддалечен 41 километар од Париз.

Истрагата е во тек, а повеќе информации ќе бидат објавени подоцна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мајкрософт на мета на хакери