Хорор во Австрија: Девојче (4) два дена било затворено со починатата мајка!

Сподели со своите пријатели

Австриската полиција пронашла четиригодишно девојче во стан во Велс, која најмалку два дена била заклучена покрај телото на нејзината мајка, која ненадејно починала.

Loading...

Имено, нејзиниот дедо на 10 мај повикал полиција бидејќи со денови не ја видел и не слушнал ќерка си, соопшти полицијата, пишува Виена.ат.

Полицијата потоа отишла на местото каде што живее, а бидејќи никој не го отворил, ја скршиле заклучената врата.

 

Северна Кореја пријави починати од коронавирусот брзо откако ги регистрираше првите случаи

 

Во станот пронашле девојка која седела покрај мртво тело.

Полицијата верува дека жената починала на 8 мај.

Loading...

Девојчето е во добра состојба и цело време мислела дека мајка и спие.

Сепак, таа била однесена во болница за да ги направи сите прегледи. Сега е добро и за неа ќе се грижат нејзините роднини.