Пет деца загинаа во пожар што избувна во куќа во Аризона, во близина на границата со Невада.
Loading...
Кога пожарот ја зафатил зградата во градот Булхед, децата биле сами дома и не можеле да избегаат.
Полицијата не ги објави имињата на жртвите, само нивната возраст.
Убиени се деца на возраст од 2, 4, 5, 11 и 13 години.
Четворица биле браќа и сестри, додека петтото дете било роднина на семејството.
Причината за пожарот засега е непозната, изјави Емили Фромелт, портпаролка на полициската управа на градот Булхед, а пренесува Дејли Мејл.
Loading...