Хорор Роденден: Детето изгубило 70% од крвта, отткако го каснала ајкула

Сподели со своите пријатели

Тинејџерот Лукас Круз (15) од САД едвај преживеал напад од ајкула додека бил на патување на Флорида со семејството на неговиот роденден! Круз го каснала ајкула во морето на Флорида Кис, а момчето загуби 70% од крвта во телото и речиси ги загуби двете нозе.

За својот 15 -ти роденден, Лукас Круз бил на брод со своето семејство, во близина на архипелагот јужно од Флорида. Пливал во морето и се држел за дел од бродот кога ајкула го одвлекла во морето. Роденденското патување се претворило во хорор и борба за животот на Лукас, додека неговата мајка и дедо се обидувале да го повлечат назад до бродот, а ајкулата му ги искинала нозете со смртоносни каснувања.

 

2

 

На крајот успеале да го ослободат, но повредите биле катастрофални. Тинејџерот го преживеал нападот и покрај тоа што загубил 70% од крвта, а повредите на нозете му биле ужасни, поради што за малку ќе ги загубел двете нозе, пренесува Мирор. Експертите веруваат дека момчето било нападнато од бик ајкула долга околу три метри бидејќи само таа можела да нанесе вакви повреди.

Лукас вели дека е среќен што е жив.

“Одеднаш почувствував силен залак. Ајкулата ме удави во водата со сета своја сила. Мислев дека ќе умрам и се молев да преживеам”, рекол Лукас за американските медиуми.

Тинејџерот додаде дека насекаде имало крв на бродот кога конечно успеале да го спасат од канџите на ајкулата и да го вратат во бродот.

“Многу крварев на бродот. Мислев дека ќе ја изгубам ногата. За среќа, не. Фала многу на докторите кои ми го спасија животот”, рекол Лукас.

 

 

Д -р Харис Мир, хирург и директор на Реконструктивната болница во Мајами, рече дека само чудо го спасило тинејџерот.

“Мускулите на бутот на момчето беа речиси преполовени. Го опериравме со часови. Чудо го спаси”, рекол Мир.