Четири деца загинаа откако 15-годишник ги застрела своите браќа и сестри, а потоа се самоуби во Фербенкс, Алјаска.
Полицијата добила дојава за пукање во град северно од Фербенкс околу 16 часот во вторникот.
Полицајците на лице место пронашле четири мртви деца, а се чини дека повредите се предизвикани од огнено оружје, јавуваат медиумите.
Според првичните информации, тинејџер (15) застрелал тројца браќа и сестри на возраст од 5, 8 и 17 години, а потоа си го одзел животот. Во куќата имало уште три деца, сите помлади од 7 години, кои не се повредени.
Полицијата соопшти дека родителите на малото дете, како и уште едно дете, не биле дома кога се случило убиството-самоубиството.
Телата се испратени на обдукција, а се уште не е познато што ја предизвикало оваа страшна трагедија.