Хорор куќа на Балканот која ги „убила“ сите сопственици

Сподели со своите пријатели

Километар и половина од Ловран стои куќа како светилник на камено плато, а над неа неколку стотици метри висока камена карпа. мештаните со години во страв ја избегнуваат куќата во рушевините која некогаш била хотел. Веруваат дека куќата ја опседнале души на злоставувани логораши. Многумина не сакаат да зборуваат за неа, а оние кои ќе се одлучат да го сторат тоа, велат дека е проколната. Во куќата се случувале чудни работи, а постојат и сведошта на луѓе кои „за влако“ избегнале трагедија.

Една од таквите причини обично е за угледен опатиски угостител, кој со љубовницата се засолнил од дожд во споменатата куќа. Одеднаш на катот се слушнала бучава, насмевки, кршење на чаши и чинии, како да е во тек луда забава. Изненадниот пар се скаменил. И покрај обилниот дожд побрзале кон својот автомобил, го вклучиле моторот, но тркалата се вртеле во место. Автомобилот, како на филм, полека се лизгал кон работ на длабока провалија. И кога веќе помислиле дека е крај, во карпата над куќата удрил гром, а во истиот момент автомобилот „летнал“ кон патот.

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Оваа шума навистина постои (ВИДЕО)

Loading...

Редиестезиологот Боривој Буква од Ријека пред десетина години се охрабрил и отишол на истражување на духовите во куќата. Призорот ги шокирал. Во рушевините биле плетени фотелји, стол, колевка и четири чинии на масата. Се обидел да дознае што се случило во куќата и добил три јасни наредби да се губи од неа. Послушал. Знаел дека со тоа не треба да се шегува. Особено затоа што куќата во последните сто години ги убила сите свои сопственици, но и случајните минувачи кои само престојувале во неа.  Буква рекол дека сопственикот на куќата ќе мора да биде странец, затоа што и нејзиниот прв сопственик бил странец. Само тој може да ја среди и да ја користи во угостителски цели, како што било на почетокот.

Куќата некогаш била прекрасен хотел. Доаѓале гости од цела Австро-Унгарија. Една вечер во 1923. година куќата пламнала, а наводно ја запалил самиот сопственик поради осигурување. По некое време куќата ја купило едно семејство и тргнало во реновирање. Меѓутоа, пијавица го кренала кровот и ги разфрлала ќерамидите низ селото.

Ниту една друга куќа не страдата. Сопственикот потоа се разболел и умрел. Вториот сопственик умрел од изненадна болест, а следниот во сообрачајна несреќа откако започнал да ја адаптира. Во куќата гром убил чешки туристи кои влегле за да се засолнат од дожд.

– Куќата е таа која сама ги бира сопствениците, објаснил Буква и додал дека имал чуство како нешто да го турка од прагот додека бил таму. На два внатрешни ѕидови од куќата нацртани се големи кругови, како некој така да сакал да се зашитити.

Големи владетелски семејства кои целосно ги уништил инцестот

Во куќата наводно имало три духови. Три жени биле мачени и убиени во куќата, една за време на Втората светска војна, а две минатата. Поради тоа покрај куќа има три гробови. Главниот организатор на злосторството бил италијаански фашистички офицер Скорбогниа, роден во Ријека. Бил меѓу другото, задолжен и да доведува млади девојки во стожерот на италијанската војска во Опатија. Фашистите ловеле девојки и често цели села одвеле во логор, поради соработка со партизаните во шумите.  Дел од девојките завршиле во Опатија, а тие кои високите офицери не би ги избрале, Скробониа наводно ги водел во куќата.

Во објектот имало уште убиства, самоубиства и необјаснета смрт, но тие духови не се задржале. Мештанка раскажала дека мажот го пресекол грлото на својата сопруга во 1912 година поради љубомора. Потоа се соблекол гол и се фрлил од карпката. Имале четири деца.

Сегашниот сопственик навистина е странец.

Купиле кукла, а потоа започнале да се случуваат чудни работи

Доенешниот сопсветник, чиј покоен татко страдат во сообраќајна несреќа недолго откако започнал да ја поправува куќата, ја средил и од неа направил угостителски објект. Тоа била желба на неговиот татко. не верува во приказните за духовите, а куќата ја обновил како што и била. инаку, тој по потекло е од Унгарија, а неговиот татко имал австриско државјанство.

– Тука сме веќе шест години и ништо чудно не се случуваше. Токму спротивното, гостите со задоволство ни се враќаат, полни се со впечатоци и како што велат, кај нас се чувствуваат одлично, раскажала сопственичката на хотелот.

Leave a Reply