Еден човек од Флорида кивнал толку силно што му испаднале цревата од стомакот.
63-годишен маж, кому штотуку му ги извадиле конците по хируршка процедура, појадувал со сопругата во ресторан кога кивнал.
Детали за овој грозоморен инцидент беа објавени во американскиот весник за медицински случаи.
Веднаш по кивањето почувствувал болка и влажност во долниот дел на стомакот.
Тој погледнал надолу и видел „петелки од розово црево што штрчат од неодамна затворената рана“.
И покрај шокот и ужасот што го доживеал, човекот бил доволно присебен да ги покрие цревата и се откажал од идејата да вози до болница за движењето уште повеќе да не го повреди.
Неговата сопруга потоа повикала брза помош.
Лекарите кои пристигнале на теренот виделе дека има вертикална кинење од околу 7 сантиметри, и дека „му ѕиркаат црева“. Имало многу мало крварење.
Болничар ги покрил неговите откриени црева со влошка натопена во физиолошки раствор и го однел во болница, каде што лекарите внимателно му ги вметнале цревата назад во неговата телесна празнина и ги сошиле назад.
По шест дена пациентот бил пуштен дома, а лекарите оцениле дека е во „добра состојба“.
Мажот претходно имал рак на простата, кој лекарите го лекувале со лапароскопска операција, а потоа и радиотерапија.
Терапијата со зрачење довела до компликации и барала уште една хируршка процедура, овој пат на неговиот мочен меур.
Подоцна, 15 дена по процедурата, лекарите го прегледале засекот на долниот дел на стомакот и откриле дека „добро зараснал“, а потоа ги отстраниле конците, се вели во студијата.
За да прослават, мажот и неговата сопруга отишле во ресторанот каде што се случил инцидентот.