Еден маж во Њу Џерси е обвинет за убиство на девојка која починала за време на груб секс со осомничениот во задниот дел од автомобилот.
Франсис Викторија Гарсија (19) била пронајдена мртва во нејзиниот автомобил на покривот на јавна гаража, пренесува Њујорк пост. Пред тоа, таа била на забава за Ноќта на вештерките во блиската зграда, која ја напуштила со 21-годишниот Мајкл Гефни.
Двојката во паркираниот автомобил, а за време на груб секс, дошло до компресијата на вратот, поради то Гефни е осомничен за убиство, соопшти полицијата.
Аутопсијата утврдила дека смртта на Гарсија е предизвикана од повреди на вратот. Отпрвин, не било јасно дали дали за тоа е виновен грубиот секс.
Гефни ѝ рекол на полицијата дека двајцата земале лекови на рецепт и имале секс во автомобилот кога изгубила свест.
Судските документи покажуваат дека двајцата се сретнале преку меѓусебни пријатели и разговарале преку социјалните мрежи пред да се решат да присуствуваат на бурна забава за Ноќта на вештерките во петокот вечерта.
Michael Gaffney, 21, of Maywood charged w/ reckless manslaughter for alleged involvement in the death of Francis Victoria Garcia, 19, according to Bergen County Prosecutor’s Office. “An autopsy determined that the death was caused by compression injuries to her neck,” BCPO said. pic.twitter.com/k5UkPPo8pM
— Darias News (@CaesarDarias) November 3, 2019
Во извесно време рано во саботата, двајцата ја напуштиле забавата на 14-ти кат на луксузен комплекс и продолжиле да се „дружат“ во автомобилот на жртвата на паркинг, се вели во судските документи.
Додека имале секс на садните седишта во автомобилот Гефни ја загушил Гарсија. Кога девојчето се онесвестило, Гефни повикал пријател за помош.
„Ја удавив, таа сакаше да ја задавам“, рекол Гефни на својот пријател.
Официјални лица изјавија дека Гарсија, чие ниво на алкохол во крвта било три пати повеќе од законскиот лимит, се наоѓала на задното седиште на нејзиниот автомобил со Гефни за време на нејзината смрт.
Њујорк пост пишува дека е отворена сметка на GoFundMe – која наскоро била згасната – во корист на осомничениот Гефни.
Кампањата за прибирање финансиски средства се обиде да собере 20.000 американски долари за да ги искористи за „искрено да го претставува“ 21-годишниот осомничен Гафни.
„Собиравме пари за да Мајкл биде добро претставен во светот во кој медиумите можат да кажат нешто што одговара на нивната агенда“, пишувало на сајтот што го започна сестрата на осомничениот, Саманта Гефни.
Веб-страницата, која собра повеќе од 6.000 долари до недела навечер, одеднаш беше затворена во вторникот.
This is the Michael Gaffney GoFundMe page on the day it was taken down. pic.twitter.com/mVM4eGcWbv
— Darias News (@CaesarDarias) November 6, 2019