Гледањето хорор филмови и серии може да има позитивно влијание врз нашето здравје, ова го тврди професор од Универзитетот Пурдуе во Индијана.
– Кога лицето ќе почуствува страв, се ослободува адреналин и срцето работи забрзано, расте крвниот притисок и се напнуваат мускулите, а се зголемува и интензитетот на емоции. Се ослободува допамин и серотонин поради што се чуствуваме посреќни. Многумина таа комбинација на страв и чувство на среќа ги подготвува полесно да се носат со тешки ситуации во животот, објаснува Спаркс.
Но, зошто уште е добро да се гледаат хорор филмови?
Губење калории
Студијата која во 2012. година е спроведена во Велика Британија покажала дека луѓето кои многу се плашат за време на гледање хорор филмови губат и до 184 калории. Толку калории согоруваат за време на 40-минутна прошетка.
Гледањето хорор филмови навистина ја „заледува“ крвта во вените