ХОРОР: Дојде одзади и ја турна жената кон возот што се движи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Антонија Егегбара била уапсена и обвинета за обид за убиство, откако била снимена од надзорна камера како го загрозува животот на 42-годишна патничка во метрото во Њу Јорк.

Loading...

Имено, во моментот кога возот бил во движење, таа ја турнала жената од грбот со јасна намера да и го одземе животот, велат од полицијата.

 

 

Кога ја оттурнала, се однесувала како ништо да не се случило. Таа мирно си заминала од местото на настанот, додека останатите патници биле во шок и не знаеле  како да реагираат во дадениот момент.

Истражителите велат дека жртвата, за среќа, не паднала на шините, туку удрила во воз што се движела и „рикоширала“ назад до местото каде што чекала превоз.

Жената била префрлена во болница со полесни повреди на ногата и лицето, а Егегбара подоцна била приведена.

Loading...

Инцидентот се случил на метро станицата на Тајмс Сквер.