Хонг Конг денеска се подготвува за супертајфунот Рагаса, најсилниот тропски тајфун во светот оваа година, кој ги затвори училиштата и откажа околу 700 летови.
Рагаса, со ветрови до 220 км/ч, се приближува кон јужната кинеска покраина Гуангдонг, соопшти Хонг Коншката опсерваторија, која планира да го подигне сигналот за тајфунот на ниво 8, трето највисоко.
Се очекуваат ветрови со сила на ураган и обилни дождови, а нивото на морето се искачува до пет метри, споредливо со разорните тајфуни Хато во 2017 година и Мангхут во 2018 година.
Полиците во продавниците беа празни
Властите им поделија вреќи со песок на жителите, а граѓаните складираа храна, што предизвика брзо празнење на полиците во супермаркетите и нагло зголемување на цените на зеленчукот. Берзата во Хонг Конг ќе остане отворена и покрај бурата.
Рагаса вчера го погоди северниот дел на Филипините, каде што властите ги ставија агенциите во целосна готовност.
Кинеските власти во Гуангдонг и другите јужни провинции активираа мерки за заштита од поплави, додека Макао и Шенжен ги затворија училиштата и подготвија засолништа.
Тајван евакуираше повеќе од 6.000 луѓе од загрозените подрачја.